Свет
11. January 2023 - 8:55

Напад со нож во Париз, повредени се неколку лица

Неколку лица се повредени утринава во напад со нож на железничката станица Гар ду Нор во Париз, јавува француското радио.

Според првичните информации полицијата го убила осомничениот, пренесува Ројтерс.

Полициските службеници засега не се достапни за коментар.

Бројот на повредени се уште не е соопштен.