Наодот на крвта на моструозниот татко кој ги фрли преку тераса своите деца, открива ужасна вистина

Додека своите деца, онака облечени во пижами, едно по друго ги фрлаше од терасата на куќата на 28 февруари, монструозниот татко од Паг (54) во крвта немал алкохол.
Токсиколошкото вештачење утврдило дека во телото имал траги од диазепам, состојки на таблети за смирување како што се нормабел и апаурин, пишува Слободна Далмација.
Резултатите од токсиколошката анализа која ја доби Жупаниското државно обвинителство во Задар сугерираат дека 54-годишникот во моментот на вршење на незапаметеното злосторство бил пресметлив и прибран, но и малку „искулиран“ под дејство на лековите за смирување.

Од Затворската болница во Загреб каде тој се наоѓа нешто помалку од месец дена, во вторникот е донесе во Задра каде во текот на утрото во зградата на судот е испрашана неговата сопруга. Мајката на настраданите деца била прашана од истражен судија преку видеолинк зоштоне сакала да биде во иста просторија со таткото на своите деца кој тој речиси ги усмрти.
На рочиштето кое беше затворено за јавност, прашања на мајката можел да поставува и нејзиниот сопруг, кој во истрагата се брани со молчење, но тој, како што неофицијално се дознава, ништо не ја прашал.
„Комбинирано вештачење се уште не е наложено“, рече Бранимир Зорица, адвокат на 54-годишниот татко кој во текот на денот е вратен во Затворската болница во Загреб, каде, како што дознаваат медиумите, се чека да се стабилизира неговата здравствена состојба зада се направи вештачење.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
