Намирници и хранливи производи што ѝ штетат на кожата
Некои велат: „Ти си тоа што јадеш“, па се чини, многу медицински стручњаци се согласуваат со таа изрека, нагласувајќи ја директната врска меѓу исхраната и здравствената состојба на кожата, косата и ноктите.
Како што стареат, кај луѓето се забележуваат знаци на слабеење и опаѓање на косата. Проретчената коса може да биде предизвикана и од други причини - генетика, недостатоци во исхраната, па дури и надворешни фактори како што е стилизирањето. Но, и одредени видови храна може да предизвикаат проблеми со кожата и косата, па нутриционистите истакнуваат дека треба да се биде внимателен, на пр., со белиот леб.
Тоа, се вели, ако се јаде одвреме-навреме, нема веднаш да предизвика опаѓање на косата, но ако во исхрана нема есенцијални хранливи материи како рибофлавин, биотин, фолати и витамин Б-12 и се јаде претежно преработена храна, тоа не ѝ прави никаква услуга на косата.
Освен бел леб, и тестенините и оризот имаат висок гликемиски индекс, што може да предизвика воспаление и да доведе до сувост и пукање на косата.
Натаму - чипсот е познат по високата количина сол, а содржи и значително многу шеќер. Кога има вишок сол и гликоза во телото, тоа им пречи на протеините колаген и еластин, коишто ѝ даваат цврстина и еластичност на кожата.
Високиот внос на шеќер и сол ги стврднува протеините на кожата, правејќи ја послаба, потенка и помалку хидрирана. А сувата кожа е поподложна на чести воспаленија, црвенило, отоци и предвремени брчки. Според тоа, воопшто, солената конзервирана храна треба да се остави на полиците на продавниците ако целта е блескава, здрава и сјајна кожа.
Солената храна го дехидрира телото, што предизвикува кожата да лачи повеќе маснотии. Конзервираната храна содржи и многу состојки и намирници непогодни за кожа склона кон акни.
За млечните производи, исто така, научните истражувања покажуваат дека влијаат на лачењето маснотии во самата кожа. Иако внесувањето витамин Д и калциум е од суштинско значење за целокупното здравје, нутриционистите предупредуваат дека прекумерното јадење млечни производи може да предизвика прекумерно помрсна кожа и коса.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца