Свет
13. November 2017 - 15:47

Намалку 30 жртви во железничка несреќа во ДР Конго

Околу 30 лица загинаа, над 20 се  повредени откако воз излета од шини и се запали во Демократска Република Конго, соопштија денеска локалните власти.

Возот патувал од рударскиот регион на југот на земјата до Луена во провинцијата Луалаба, каде излетал од шините и се превртел во амбис.

Во инцидентот се запалиле 11 од вкупно 13-те вагони на возот.

Локалните власти предупредија дека е можно бројот на жртвите да се зголеми.