Намалено загадувањето во Тетово по затворањето на Југохром

Загаденоста на воздухот во Тетово по затворање на фабриката „Југохром“ според невладината Еко герила е намалено и сметаат дека не е оправдано нејзино повторно отворање без да ги без да ги исполнува еколошките стандарди и да постави филтри.
Во соопштението наведуваат дека според направените мерења од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање нивото на загаденост во февруари 2016 во однос на февруари лани има намалување од 41 процент.
Според нив, зачудува што во тој временски период нивото на загаденост во Скопје забележува опаѓање само од 0,1 отсто.
- Тетово, за разлика од минатата година, не го намали ниту нивото на автомобили, ниту начинот на греење, ниту депониите, ниту климата во споредба со градот Скопје, за разликата да биде толку голема, 41 отсто. Единствената промена е што сега, овие два месеца, само фабриката „Југохром“ не работи. Една бројка, 1000 зборови, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Инфлација од 2,9 отсто во февруари
-

Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко
-

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
-

Метеж на бензинските, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите
-

Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите
-

Втора иранска балистичка ракета соборена во турскиот воздушен простор во последната недела
-

Повредени четворица малолетници и 21-годишно момче, откако возило излетало од патот Ржаничино - Таор
-

Спајиќ: Црна Гора има резерви гориво за два месеца
