Намалени трошоците на живот

Трошоците на животот во септември годинава се намалиле за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, а цените на мало за 0,7 отсто. Трошоците на живот, пак, во однос на септември лани се пониски за 0,2 отсто, а продажните цени на мало се намалиле за 1,1 проценти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, намалувањето на трошоците на животот во споредба со август 2015 година се должи на пониските цени на другите неспомнати прехранбени производи за 1,5 отсто, замрзнатиот зеленчук за 0,7, конзервираната риба за 0,5, свежото млеко за 0,3 и тестенините за 0,2 отсто.
Намалување на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 14,7 отсто, услугите за сместување за 14,4, течните горива за домаќинствата за 7,1, течните горива и мазива за 6,9, туристичките-пакет аранжмани за 6,3, лековите за 2, средствата за чистење и одржување на станот за 1,2, резервните делови и опрема за сопствен превоз за 0,8, накитот и часовниците за 0,6 и велосипедите за 0,2 отсто.
Пораст на трошоците на животот има кај свежиот зеленчук за 2,6 отсто, маслото и маснотиите за 1,6, сувото овошје и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,8, свежото овошје за 0,5, јајцата и конзервираниот зеленчук за 0,3 и месото за 0,2 отсто. Пораст е забележан и кај болничките услуги за 3,2 отсто, информатичката опрема за 2,4, гасот за домаќинствата и електричните апарати-мали за 1,7, услугите за одржување и поправки на станот за 0,7, алатите за опрема на куќа и градина, услугите за култура и средствата за лична хигиена за 0,6, цврстите горива, средствата за пишување и услугите за лична хигиена за 0,5, текстилот за домаќинствата и исхраната во рестораните за 0,4, обувките и материјалите за одржување и поправки на станот за 0,3, облеката, електричните апарати-големи и пијалакот во рестораните за 0,2 отсто.
Ново на Сител
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
-

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија
