Македонија
9. December 2020 - 13:17

Намален бројот на сообраќајни незгоди, полициските контроли даваат ефект

Од септември полицијата делува со засилени сообраќајни контроли. Спасовски по посетата на мобилната станица Петровец истакна дека оперативните акции даваат резултати.

Споредбено со ноември месец лани, оваа година за 21% е намален бројот на сообраќајни незгоди. Во ноември 2019 според статистиката на МВР се случиле 714 а оваа година истиот месец 564.

За овој период откако се преземаат засилените контроли изречени се 43.170 казни за сообраќајни прекршоци. 

 

Мирјана Давидовска