Намален бројот на патници во меѓуградскиот и меѓународниот автобуски превоз
Во четвртиот квартал лани со автобус се превезени 20.796.000 патници, што е за 3,5 проценти помалку во однос на истиот период од 2018 година.
Според видот на превозот, зголемен број на превезени патници има само во градскиот превоз и тоа за 1,7 проценти, а намалување за 5,3 проценти има во приградскиот превоз, за 24,2 проценти во меѓуградскиот и за 24,5 проценти во меѓународниот превоз.
Во четвртото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 13,2 проценти.
Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 1,1 процент, додека во приградскиот превоз е намален за 3,4 проценти, во меѓуградскиот за 23,3 проценти, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 21,9 проценти.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа