„Накитот низ вековите“ - изложба во Народниот музеј во Велес

Во Народниот музеј во Велес синоќа беше отворена несекојдневна изложба на накит насловена „Накитот низ вековите“. Авторката Анита Василкова-Мидоска, виш кустос археолог, на отворањето рече дека целта на изложбата е да се претстави краток осврт на накитот и другите археолошки предмети кои на суптилен начин ја допираат сферата на украсувањето и китењето.
- Предметите кои се изложени опфаќаат период од неколку милениуми, од најстарите манифестации на украсување презентирани преку предметите од неолитскиот период, преку предметите од железно време и антиката, па се до предметите од средниот век. Како епилог на целокупната концепција се претставени и предмети кои припаѓаат на последните два века од развојот на човештвото, а кои експлицитно ја потврдуваат идејата дека накитот е еден од најдолготрајните импулси на рефлексиите на човековата природа од аспект на утилитарнста, религиозноста и естетиката, рече Василкова-Мидоска.
Изложбата ја промовираше Елица Николова, директор на Народен музеј Велес. Таа соопшти дека предметите на изложбата се од археолошката збирка на Музејот во Велес надополнети и со неколку примероци од Етнолошката збирка.
- Со илјадници години човекот создава накит и го носи, со негова примарна намена да привлече внимание, да го покаже сопственото богатство и моќ... Но не секогаш накитот се создава како предмет за лично украсување, за разубавување. Тој понекогаш има практична употреба, како копчињата, брошевите, иглите за придржување на облеката, укосниците за зацврстување на фризурата...како статусен симбол или припадност кон некој етнос или група...за заштита од зло, како што се амулетите и разни други намени, додаде Николова.
Изложбата финансиски ја потпомогнаа Министерството за култура и Општина Велес, а ќе биде поставена во текот на целата 2016 година.
Ново на Сител
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
-

Тема на денот со Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
