Најстудено во Берово и Битола, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово најниска температура од -16 степени е измерена во Берово и Битола. Следат Тетово и Прилеп со -13 степени, -12 во Демир Капија, -11 Скопје-Петровец и Дебар, -10 Кавадарци, -9 Штип, Струмица и Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Претор и Гевгелија, -7 Охрид, -6 Виница, Крушево, Маврови Анови, -4 Дојран и 0 степени на Попова Шапка.
Највисока снежна покривка има во Маврови Анови - 17 сантиметри, 15 во Битола, Дебар, Попова Шапка, 12 Берово, Ѓуриште, 11 Крушево, 7 Тетово, Охрид, 6 Демир Капија, 2 Претор, Прилеп, Струмица и 1 сантиметар во Штип.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 3 степени.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
