Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка

Најниска температура од -6 степени Целзиусови утрово во 8:30 часот е измерена на Попова Шапка, каде има и највисока снежна покривка од 97 сантитметри. Во Mаврови Анови и Kрушево е измерена температура од -4, -2 во Берово, -1 Прилеп, 0 Крива Паланка, Штип, Охрид, Претор и Виница, 1 степен во Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Кавадарци, 3 Демир Капија, а најтопло е во Гевгелија каде се измерени 4 степени Целзиусови.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во раните претпладневни часови во северозападните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој локално ќе достигне брзина до 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени Целзиусови.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
