Најсмртоносната недела за новинарите: Од почетокот на војната во Израел, деветмина се убиени

Нападот на палестинската милитантна група Хамас врз Израел доведе до интензивни борби што резултираа со најсмртоносната недела за новинарите во кој било неодамнешен конфликт, соопшти денеска УНЕСКО, откако потврди дека девет новинари биле убиени на должност од 7 октомври.
УНЕСКО најави дека бројот на загинати новинари може да се зголеми во наредните денови.
Како што пишува „Си-Ен-Ен“, убиствата на новинарите се случиле за време на нападите на Хамас и израелскиот воен одговор во Појасот Газа, но не и на израелско-либанската граница.
„Новинарите никогаш, под никакви околности, не треба да бидат цел. Одговорност на сите актери е да обезбедат, да продолжат да ја практикуваат својата професија безбедно и независно, рече генералниот директор на УНЕСКО Одри Азулај.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
