Најсмртоносната диета на светот: Иако луѓето губат и до 25 килограми, експерите бараат да биде забранета
Нутриционистите изразиле загриженост поради нова опасна диета која на луѓето им забранува да конзумираат било што освен вода, кафе и чај.
Таканаречената "пост на вода" диета претставува губење килограми без конзумирање на храна, односно пиење само на овие три напитоци.
Оваа диета многу бргу станала популарна откако луѓето со помош на нејзе успеале да изгубат и до 25 килограми за многу кратко време.
Меѓутоа критичарите тврдат дека станува збор за "најопасната диета на светот".
Експертите тврдат дека "постот на вода" може да доведе до состојба како што е анорексијата и затоа би требало да се избегнува.
Тие предупредуваат дека оваа диета е лоша за органите, а луѓето кои патат од анорексија поради нејзе можат да починат од срцев удар бидејќи телото мисли дека станува збор за некоја вонредна состојба и поради тоа не користи маснотии во телото туку се храни со мускулите.
Ново на Сител
-
Адеми: Опасни се изјавите на Филков за ревидирање на Бадентеровото мнозинство
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Вечерва во Штип, хуманитарен концерт во сеќавање на Тоше Проески
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки