Најплатената манекенка без фотошоп изгледа вака!

Кога магазинот „Форбс“ пред неколку месеци објавил листа на најплатени манекенки на светот за оваа година, на првото место се нашла Жизел Бундшен. Највлијателниот модел во кампањите изгледа совршено, но како изгледа во природно издание откриваат нејзините фотографии од одморот во Италија.

Црниот костим за капење ѝ е омилен, па вакви и слични модели најчесто носи на одмор. Познатата Бразилка, која оваа година го прославила својот 36-ти роденден, веќе со години е синоним за женска убавина и вито тело.

Иако минатата година одлучила да ја напушти пистата, од модните кампањи и насловните страни не се откажала и на нив секогаш е грандиозно убава. Воопшто не се крие дека модните фотографии на познатата Бразилка се фотошопираат. Сепак, фотографиите од Италија вне нè разочаруваат.

Разликата помеѓу неа и оние „дотераните“ е очигледна, но тие не ја намалуваат убавината на оваа мајка на две деца.

Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
