Најновиот хибрид на орхидеја го доби името според првата дама на Индонезија Ириана Јокови

На пригодна церемонија во Националната градина на орхидеи во Сингапур беше промовиран нов хибрид на орхидеја, која го доби името споед првата дама на Индонезија Ириана Јокови. На церемонијата присуствуваше госпоѓата Ириана, во придружба на повеќе министри и угледни личности од Сингапур и Индонезија.
Орхидејата „Ириана Јокови’’ има цветови во висина од 5,6 сантиметри во просек, а цутот е со светлива црвеникаво – виолтова боја. Пупките и лисјата се во рамки со кафеави линии.
Сингапур е најголем извозник на орхидеи во светот,а најголем дел од нив сингапурците ги произведуваат на плантажи во соседните држави, од каде секојдневно со авиони се носат во Сингапур, а од тамо тргнуваат на пат кон Европа и Америка.
Првата дама на Индонезија пред новинарите изјавила дека таа ќе порачува букети орхидеи сонејзиното име да се испраќаат до сопругите на претседатели на држави и влади со кои Индонезија има пријателски односи, а тоа значи дека еднаш во неделата првите луѓе на над 200 држави преку цвеќето и сопругите ќе добиваат пријателски дипломатски пораки.
Ново на Сител
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
-

Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари
