Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Охрид, Гевгелија и Попова Шапка
Во изминатите 24 часа најмногу дожд - два литри на квадратен метар наврна во Охрид, Гевгелија, Попова Шапка, а еден литар на квадратен метар во Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, Битола, Виница и Струмица.
Како што информира утрово УХМР, најниска температура до 7:30 часот е измерена на Попова Шапка - три степени, четири степени во Скопје, кај Петровец, а во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Прилеп пет степени.
Во Крива Паланка, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови, Лазарополе и Крушево се измерени шест степени, седум степени во Битола, Охрид, Куманово, Кавадарци, девет во Претор и Виница, десет во Гевгелија, а 12 степени во Дебар и Штип. Најтопло е во Демир Капија, каде се измерени 13 степени.
Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со слаб локален дожд. По одделни котлини има појава на слаба магла. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб, а наместа со умерен интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а попладне долж Повардарието од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје облачно со слаба магла и со повремен слаб дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.
Ново на Сител
-

Полицаец во Куманово давајќи отпор при апсење со нож повредил колега
-

Две лица од струшко со пиштол ограбиле обложувалница
-

Симеоне: На чекор сме од уште едно финале
-

Повеќе паркинг - места и нова хуманитарна зона во општина Центар
-

Пожар на депонијата „Краста“ ставен под контрола – проблемот бара системско решение
-

Божиновска: Македонија во нова фаза на енергетската политика – на имплементација, резултати и одговорност
-

Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда”
-

Условна осуда за тројцата полицајци од Кочани обвинети за неизвршување службена должност
