Најмногу дожд во Гевгелија и Дојран, врнежливо и во текот на неделава
Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Гевгелија и Дојран – 25 литри на метар квадратен, а најмалку во Охрид – четири литри на метар квадратен.
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека врнежите од дожд ќе продолжат и во следните денови, а поголемо заладување се очекува од четврток кога на планините на северозапад ќе има и врнежи од снег.
Утре врнежите ќе продолжат, околу пладне ќе бидат поинтензивни на запад, а во вечерните часови на исток. Во јужните делови, каде се очекуваат и сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во вторник попладне и среда претпладне врнежите ќе престанат и ќе има повеќе сончеви периоди.
Пообилни врнежи од дожд повторно се очекуваат во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе има врнежи од снег. Од вторник повремено ќе дува засилен северен ветер.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
