-->
-->
Најмалку тројца убиени и седум ранети во вооружен напад во кино
-->
Вооружен маж отворил оган во кино во американската сојузна држава Луизијана, убивајќи најмалку три и ранувајќи уште седум лица, пред да се самоубие, соопштуваат американските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници.
- Инцидентот се случи во „Гранд Театар“ во градот Лафает, изјави Клеј Хенри, претставник на службата за итна помош во државата Луизијана.
Тој прецизира дека осум лица биле пренесени во болница и дека е утврдена смртта на тројца, од кои едниот бил напаѓачот.
Според податоци на медиумите, ранети биле вкупно девет лица.
Нападот се случил за време на проекција на филмот „Train Wreck“ од 19 часот по локално време.
Пред речиси три години во градот Орора, во државата Колорадо, се случи сличен напад кога загинаа 12 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?
-
Опожарено „БМВ“ во движење во близина на граничниот премин Табановце
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето
-
Околу 90 камиони со помош влегле во Газа
-
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето