Свет
14. August 2023 - 8:26

Најмалку три лица се повредени во руски напад врз Одеса

Најмалку три лица се повредени во синоќешниот напад врз украинскиот пристанишен град Одеса, соопшти гувернерот на украинскииот црноморски регион Олех Кипер.

„Како резултат на непријателскиот напад на Одеса, избувнаа неколку пожари, предизвикани од паѓање на делови од ракетата.

Прозорците на зградите се скршени од силината на експлозијата“, напиша Кипер на својот профил на Телеграм.

Одеса е најголемото пристаниште и поморска база во Украина и постојано беше цел на напади и гранатирање со руски беспилотни летала откако Русија го напушти Договорот за извоз на жито преку Црното Море.