Најмалку шест луѓе загинаа при потонување на туристичка подморница во близина на Хургада
Најмалку шест лица загинаа, а деветмина се повредени при потонување на туристичка подморница во близина на египетското одморалиште Хургада на Црвено Море, објави египетскиот весник „Ал Ахрам“.
Во подморницата имало 45 руски државјани, а 29 лица се спасени.
Подморницата Синдбад со години превезувала туристи да го истражуваат подводниот свет на Црвено Море, а според веб-страницата на компанијата што управува со неа, таа е една од само 14-те туристички подморници во светот. Подморницата имала капацитет за 44 патници и се спуштала на длабочина од 25 метри, нудејќи поглед на околу 500 метри корален гребен.
На крајот на ноември туристичкиот брод потона во Црвено Море во близина на одморалиштето Марса Алам, при што 11 луѓе загинаа, а 35 се спасени.
На почетокот од февруари туристички брод потона во близина на Џабал ал Зајт, северно од Хургада. Сите луѓе на бродот беа спасени.
Туризмот е клучен извор на девизи за Египет, а руските туристи се меѓу најбројните посетители.
Ново на Сител
-
МВР: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи
-
Тетовчанец управувал возило со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час
-
Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци, 172 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Завршни зборови на судењето за убиството на Вања и Панче
-
Мерко ослободен за набавката на аудито
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар