Најмалку шест лица загинаа поради истекување на хемикалии во близина на Атланта
Најмалку шест лица загинаа денеска, додека повеќемина се повредени и пренесени в болница, откако дошло до истекување на течен азот во еден погон за пакување на храна во североисточниот дел на Џорџија, соопштија здравствените власти на таа американска сојузна држава.
– Причината за инцидентот се уште не е позната, соопшти полицијата.
Пет луѓе загинале на местото на несреќата во фабрика во гратчето Гејнсвил, во близина на Атланта, додека едно лице им подлегнало на повредите в болница.
Веднаш биле испратени пожарникарски екипи, кои по пристигнувањето забележале како вработените го напуштаат објектот, а некои од нив имале видливи повреди. Меѓу повредените има и најмалку четворица пожарникари, соопшти локалната пожарникарска служба.
Тројца од повредените се наоѓаат во критична состојба и нивниот живот е во опасност.
Ново на Сител
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
-

Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково
-

Дрвокрадството во последните неколку години намалено за 30 отсто
