-->
-->
Најмалку осум жртви во пожар во Рига
-->
Најмалку осум луѓе загинаа во пожар во центарот на Рига, дел од нив странски државјани, во хостел што најверојатно работел нелегално, јавија локалните медиуми.
Пожарникарите и спасувачите на летониската противпожарна и спасувачка служба соопштија дека биле на лице место околу 5:00 часот утрово по локално време.
Горел шестиот кат од зградата и покривот, а спасувачите пронашле осум жртви. Други 24 лица се евакуирани од просториите, јавија локланите медиуми.
-->
-->
-->