-->
-->
Најмалку два автобуса паднаа в река при уривање на мост во Индија
-->

Два или три автобуса со повеќе десетици патници паднаа во надојдената река Савитра, откако на автопатот Мумбај-Гоа во Индија се урна дел од стар мост, поради што се стравува дека се можни голем број жртви, информира денеска индиската полиција.
Неколку часа од уривањето на мостот, што се случило ноќеска, спасувачите се уште во реката не ги пронашле нозилата, ниту преживеани лица, пренесоа индиските медиуми.
- Веднаш по пријавата на несреќата на лице место пристигнаа околу 80 спасувачи, вклучувајќи и нуркачи, но силниот дожд ги попречува нивните напори, изјави шефот на Националната служба за вонредни ситуации О.П. Синг.
Синг додаде дека, според првичните информации, во реката Савитра паднале најмалку два автобуса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
