Најмалку четворица загинати, а 119 повредени при напад врз Германскиот конзулат во Авганистан

Четири лица загинаа, а 119 се повредени во синоќешниот самоубиствен напад со автомобил-бомба извршен врз Германскиот конзулат во Мазар и Шариф, главниот град на авганистанската провинција Балх, соопшти полицијата.
Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи изјави дека 25 лица од персоналот на Конзулатот се безбедни и оти никој не настрадал во нападот. Тој додаде дека Конзулатот претрепел „сериозни штети“.
- Авганистанските безбедносни сили и германското обезбедување, како и припадници на НАТО го одбија нападот на тешко вооружените напаѓачи, истакна портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.
Според ДПА бомбаш-самоубиец со автомобил полн со експлозив удрил во оградата на Конзулатот. И портпаролот на НАТО изјави дека во нападот бил употребен еден автомобил-бомба, додека според очевидците имало два автомобила. Според локалната полиција по експлозијата неутврден број талибанци навлегле во дворот на Германскиот конзулат.
Одговорност за нападот ја презедоа талибанците, наведувајќи дека тоа е одмазда за 30 убиени цивили во американскитте воздушни напади во Кундуз пред неколку дена.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
