Најмалку 80 возила опожарени во западна Шведска
Најмалку 80 автомобили синоќа се опожарени во шведските градови Гетеборг и Тролхатен. Пироманите дејствувале истовремено во неколку реони.
- Имавме период со големи пожари, но во една иста вечер за толку кратко време да има пожар на многу различни места, не памтам такво нешто, изјави портпаролката на полицијата во западна Шведска, Ула Брем.
Полицијата претпоставува дека акцијата најверојатно била координирана преку социјалните мрежи.
Според очевидците возилата биле потпалувани од луѓе облечени во темна облека и со качулки. Тие носеле канти со бензин и бејзбол палки со кои ги кршеле стаклата на автомобилите.
Полицајците кои им помагале на пожарникарите биле нападнати со камења.
Шведскиот премиер Стефан Ловен изјави дека е „навистина лут“ и оти „општеството треба решително да реагира“.
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор