Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар

– Бројот на загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар се искачи на 66, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Уште 51 лице е повредено, изјави Јерликаја во провинцијата Болу каде се наоѓа хотелот, на околу 300 километри источно од Истанбул. – Многу ни е жал, рече министерот, пренесе ДПА.
Во хотелот во популарниот ски-центар Карталкаја, каде во текот на ноќта избувнал пожарот, престојувале вкупно 238 гости.
Пожарот сега е ставен под контрола, а итните служби на лице место продолжуваат со „ладење“, рече министерот.
Хотелот е изграден на рид, што го отежнува гаснењето на пожарот од сите страни, додаде Јерликаја.
Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на предупредување од локалната полиција, претходно јави дека постои опасност хотелот да се урне во секој момент. Локалните власти не го коментираа предупредувањето.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
-

Лекарите трпат насилство, а ретко пријавуваат
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
