Најмалку 63 луѓе го загубија животот во невреме во Пакистан
Најмалку 63 лица го загубија животот во невреме што трае веќе четири дена во Пакистан. Во последните 24 часа загинаа 14 лица.
Повеќето од жртвите се во провинцијата Хајбер Пахтунхва, северозападно од Пакистан, каде се оштетени 1.370 куќи. Десетици луѓе се повредени.
Во Балуџистан е прогласена вонредна состојба поради поројните поплави. Обилен дожд врне и во хималајската област Кашмир.
Пакистан очекува обилни дождови во април поради климатските промени. Досега, во Балуџистан имаше 256 отсто повеќе дожд од нормалните количини, изјави метеорологот Захир Ахмед Бабар.
Пред две години, 1.739 луѓе го загубија животот во поплавите што потопија третина од Пакистан. Поплавите тогаш предизвикаа штета од 30 милијарди долари.
Обилни дождови овој месец наврнаа и во соседен Авганистан, каде досега животот го загубија 33 лица.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија