Балкан
24. October 2016 - 15:17

Најмалку 50 припадници на ПКК загинаа во антитерористичките операции во Турција

Педесет членови на Курдска работничка партија се убиени изминатата недела во воздушните напади на турските безбедносни сили, објави турски весник „Ашкам“.

Во операциите биле уништени 15 упоришта на ПКК, а конфискувано е големо количество оружје и муниција.

„Ашкам“ наведува дека при операциите биле осуетени 12 терористички напади, меѓу кои неколку со автомобили-бомби и еден самоубиствен бомбашки напад.