-->
-->
Најмалку 40 Американци заразени со коронавирус на крузерот „Дајмонд Принцес“
-->
Најмалку 40 Американци од вкупно 400-те кои се евакуирани од крузерот „Дајмонд Принцес“ (Dajmond Princes), закотвен кај јапонското пристаниште Јокохама, се заразени со коронавирус.
-Заразените американски државјани ќе бидат лекувани во јапонските болници, изјави денеска за Си-Би-Ес, Ентони Фаучи, директор на Националчниот институт за заразни болести.
САД на доброволна основа денеска ги евакуираа и останатите американски државјани од крузерот, што под карантин се наоѓа од почетокот на февруари заради појавата на коронавирусот.
За американските патници досега пристигнаа повеќе десетици автобуси. Тие со авиони ќе бидат префрлени до САД, каде 14 дена ќе минат во карантин, пренесе Индекс .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости