-->
-->
Најмалку 36 загинати при лизгање на земјиште во Перу
-->
Во лизгање на земјиштето предизвикано од поројни дождови загинаа 36 луѓе во неколку села во јужниот дел на Перу, соопштија локалните власти.
Вилсон Гутиерез, службеник за цивилна заштита во општината Маријано Николас Валкарсел, во провинцијата Камана, изјави за локалната радио станица Ер Пе Пе дека се пронајдени 36 мртви тела во одалечената област наречена Миски. Меѓу жртвите има и пет лица кои се движеле со комбе.
Претставници на цивилната одбрана соопштија дека речиси 630 објекти биле погодени од лизгање на земјиштето, додека мостови, канали за наводнување и патишта исто така биле оштетени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости