Најмалку 32 повредени при принудно слетување на руски воен авион (ДПЛ)
Најмалку 32 лица се повредени денеска при принудно слетување на авион на Военото воздухопловство на Русија во руската автономна Република Јакутија, јави ТАСС.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека авионот од типот Ил-18 принудно слетал на 30 килметри од местото Тикси во Јакутија.
Според истиот извор. во авионот имало 32 патници и седум челнови на екипажот. Поголемиот број од патниците биле воени офицери.
Авионот полетал од Канск во источниот дел на Сибир, на околу 2.300 километри југозападно од Тикси.
Руските медими првично јавија дека несреќата ја преживеале само шест лица, но Министерството за одбрана ги демантираше ваквите информации, нагласувајќи дека нема загинати.
Според првичните резултати од истрагата, причина за несреќата била грешка на пилотот. Имено, според истражителите, пилотот направил погрешна проценка за височината во ноќни услови и при студеното време, поради што авионот морал принудно да слета.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение