Најмалку 250 загинати и над 500 повредени во силен земјотрес во Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа над 250 лица, а околу 500 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија.
Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри.
Официјален претставник на Министерството за информации изјави за Анадолија дека жртви и повредени се пријавени во областите Нур Гал, Савки, Ватпур, Маноги и Чапа Дара во провинцијата Кунар. Тој додаде дека конечните бројки за загинатите и повредените сè уште не се утврдени, бидејќи властите комуницираат со жителите во оддалечените области, а тимовите за помош се упатени кон погодените региони.
Авганистанската привремена администрација мобилизираше хеликоптери за спасување и транспорт на повредените, бидејќи патиштата се блокирани поради свлечишта, што ги спречува спасувачките екипи да стигнат до повеќе погодени области.
Локалните жители го опишаа земјотресот како еден од најсилните што го погодиле регионот.
МИА
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
