Најмалку 25 жртви во престрелка во Рио де Женеиро
Најмалку 25 лица, меѓу кои и еден полицаец, се убиени во пукање до кое дојде за време на полициска акција против дилери на дрога во предградие на Рио Де Женеиро, соопшти локалната полиција.
Како што јави весникот „О Глобо“, пукањето се случило во сиромашното предградие Жакарезињо.
Меѓу ранетите во престрелката има двајца патници од метро во тој дел на Рио, додава весникот.
Осомничените се обиделе да избегаат преку покриви кога полицијата со оклопни возила влегла во сиромашниот дел на Рио и над нив летале хеликоптери, јави локална телевизија.
Тројца полицајци биле погодени, а еден им подлегнал на повредите, соопшти полицијата.
Според полицијата, ова било една од најсмртоносните индивидуални полициски операции во Рио Де Женеиро. Меѓу загинатите се и неколку водачи на бандата која се занимавала со трговија со дрога, а најмалку 10 осомничени се уапсени.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати