Најмалку 25 повредени лица во бомбашки напад на автобус во Кајсери
Повеќе од 25 лица се повредени утрово при експлозија на автобус во близина на Универзитетот во турскиот град Кајсери, соопштија здравствените власти.
Инцидентот се случил на автобуска постројка кога еден автомобил, наполнет со експлозив, експлодирал во момент кога автобусот минувал покрај него. Со автобусот патувале цивили и воени лица кои не биле на должност.
Болнички извори тврдат дека во нападот има и загинати, но засега нема точни информации за тоа.
На местото на несреќата веднаш се упатиле возила на итна медицинска помош. Реонот е блокиран од полицијата и се спроведува истрага. Засега никој нема преземено одговорност за нападот.
Овој инцидент се случува само една недела откако во двоен бомбашки напад на курдски екстремисти пред стадион во Истанбул се убиени 44 лица, а најмалку 10 беа повредени.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?