Најмалку 20 загинати во невреме во САД
Повеќе од 20 лица загинаа во невреме што го погоди средниот запад и југот на САД.
Во сојузната држава Кентаки, 14 лица загинаа поради силни временски непогоди, а бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми, соопшти гувернерот Енди Бешир.
Претходно, локалните власти во округот Лорел соопштија дека девет лица загинале откако торнадо го погоди југоисточниот дел на Кентаки.
Во торнадото многу објекти се урнаа, а оштетени и превртени биле и многу автомобили. Локалното население добило две предупредувања за торнадо кратко пред да ја погоди областа.
– Спасувачите цела ноќ беа на терен трагајќи по преживеани, а потрагата продолжи и утрово, рече заменик-шерифот Гилберт Ачардо. Итно засолниште беше поставено во локално средно училиште, а пристигнуваат и донации во храна и други потреби.
Невреме го погоди и Мисури, каде што загинаа седум лица, и Висконсин, каде што неколку стотици илјади луѓе останаа без струја.
Вкупниот број на повредени не е познат, но болниците во областа соопштија дека примиле десетици пациенти, од кои некои се во тешка состојба.
Ново на Сител
-
Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи
-
Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста
-
Населба Влае без вода за пиење
-
Кривична за директор и четворица вработени во јавно претпријатие во Кичево за загрозување на животната средина
-
Анушиќ: Хрватска сака да стане европски лидер во производство на мали дронови
-
Израелското државно радио известува за „дожд од ракети“ од Иран
-
Трамп не го напуштил самитот на Г7 поради конфликтот меѓу Израел и Иран, го обвинува Макрон за лажно претставување на работите
-
Алмеида нoв тренер на Севиља