Свет
21. October 2016 - 11:36

Најмалку 18 загинати во напади на џихадисти во Киркук

Најмалку шест ирачки полицајци и 12 џихадисти загинаа во судири во Киркук, соопштија ирачките сили за безбедност.

Западни медиуми јавија за присуство на десетици луѓе вооружени со автоматско оружје и гранати во различни квартови во северниот ирачки град, каде утрово беа извршени неколку самоубиствени напади.

Одговорност за нив презеде групата Исламкса држава (ИД).

Дел од медиумите во Ирак јавуваат и за заложници кои џихадистите ги држат во куќи и џамии во градот. Агенцијата Рудав повикувајќи се на изјава на локален шеф на полицијата, јави дека напаѓачите упаднале и во градинка. Во градот е воведен полициски час.