Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека спасувачките служби пронашле уште две тела под урнатините, со што бројот на загинати во рускиот масовен напад врз Киев се искачи на 12.
Сè уште траат спасувачките операции откако Русија истрела 145 дронови и 70 ракети врз Киев, при што се разурнати 12 згради, а повредени се над 90 луѓе.
Претходно, Министерството за одбрана на Телеграм објави дека нападите во текот на ноќта врз Украина биле насочени кон различни објекти на украинската одбранбена инфраструктура.
-Извршен е масовен напад од воздух, од копно и од море … Мети беа украинскиот авијациски и ракетен сектор, вселенската индустрија, фабриките за производство на воена опрема и оклопни возила, како и објекти за производство на ракетно гориво и барут. Целите на нападот се постигнати. Сите цели се погодени, се наведува во соопштението на руското МО.
Неименуван претставник на украинската армија изјави дека ракетата која уби луѓе била од Северна Кореја. Тој посочи дека била истрелана ракета КН-23, со краток дострел, позната по прецизноста, која може да носи конвенционални или нуклеарни боеви глави.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро