Најмалку 100 луѓе го загубија животот во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати, училиштата се затворени
Најмалку 100 лица го загубија животот во поплавите во Непал, додека 67 лица се водат како исчезнати, јавија денеска локалните медиуми.
Одроните и поплавите предизвикани од дводневниот силен дожд во оваа хималајска земја ги принудија локалните власти да ги затворат училиштата три дена.
„Поплавите го парализираа сообраќајот и секојдневните активности во долината Катманду, а три автопати, вклучително и клучната сообраќајница Притви што го поврзува Катманду со остатокот од земјата, се блокирани поради лизгање на земјиштето.
Автобускиот сообраќај на патиштата е забранет во текот на ноќта, а на возачите им се советува да не излегуваат на патот.
Дождот се очекува да продолжи“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Непал, Риширам Тивари.
Делови од Катманду беа целосно поплавени, како и многу куќи, поради што жителите беа принудени да се засолнат на последните катови од нивните станбени згради, а непалските безбедносни сили се ставени во состојба на готовност.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019