Најмалку 10 загинати при уривање на станбена зграда во Каиро
- Најмалку 10 лица загинаа денеска при уривање на петкатна станбена зграда во сиромашен кварт на египетскиот главен град Каиро, јави ДПА.
Од под урнатините на зградата во квартот Маншиет Насер, спасувачките екипи досега извлекоа тела на 10 загинати луѓе, како и 12 преживеани, кои се пренесени во блиската болница.
Акцијата за потрага по други преживеани лица под урнатитните продолжува.
Засега не е познато кои се причините за уривањето на зградата, а нема ни информации колку лица се наоѓале во неа во тоа време.
Во Египет изминативе години имаше неколку случаи на уривање на станбени згради, пред се во посиромашните населби, а како причина за тоа беа посочувани староста на објектите, користењето на неквалитетен материјал за градба и непочитувањето на градежните норми при нивната изградба
Ново на Сител
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
