-->
-->
Најдобрата светска тенисерка стартува од нула?!
-->
Системот на вреднување во светскиот тенис нема милост и кон најдобрите. Серена Вилијамс иако со недели речиси 6 години беше на врвот на ВТА листата поради предолго паузирање ќе мора да стартува од нула поени и буквално е избришана од рејтинг листата.
Серена паузира точно една година откако триумфираше на Австралија Опен и ја освои 23. Гренд слем титула. Таа замина на пауза бидејќи беше бремена и се породи во септември. Минатата година ја заврши на 22. место, но бидејќи една година не играла, сега сите поени и се избришани и таа почнува од почеток.
На терените треба да се врати во рамките на Фед купот во кој САД играат против Холандија, а во ВТА турот ќе заигра во март на Индијан Велс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија