-->
-->
Најавени протести во Атина и Преспа против договорот
-->
„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организаторите на протестите низ цела Грција за „одбрана на името Македонија“, преку социјалните мрежи и преку грчките медиуми најавува дека на денот кога Македонија и Грција ќе го потпишат договорот во Преспа, тие ќе одржат протест, а веројатно тоа ќе биде в сабота.- Ако Ципрас се обиде да оди во Преспа, онаму каде што се светите останки на Павлос Мелас и на останатите Македономахи што ги дадоа нивните животи за слободата на татковината, соопштуваме дека ќе бидеме таму, десетици илјади за да не дозволиме да се потпише договорот, соопштуваат од „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ и ги повикуваат, преку социјалните мрежи, граѓаните да им се придружат, а пратениците да си дадат оставка од нивните пратенички места.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, по информацијата дека веројатно в петок, во грчкиот Парламент ќе се одржи расправа за постигнатиот договор, организаторите на протестите повикуваат на собир на атинскиот плоштад Ситагма, во исто време додека пратениците дискутираат за содржината на договорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци
-

Тема на денот со Јован Деспотовски
-

,,Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски
-

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска
-

Родители на починатите деца во „Пулс“ сведоци на судењето за пожарот во дискотеката
-

Собранието го распиша огласот за нов државен јавен обвинител
-

11 години затвор за Фатон Љури кој го прегази Југо на пешачка патека пред неговиот дом
-

Парламентот го изгласа Законот за Судски совет
