-->
-->
Најавена словачка инвестиција во Велес
-->

Во Индустриската зона Мамутчево кај Велес наскоро е можно да започне изградба на нова странска инвестиција - прва гринфилд словачка инвестиција во Македонија.
Ова на денешната прес-конференција го соопштија градоначалникот на Велес Славчо Чадиев и неговиот гостин амбасадорот на Словачка во Македонија, Мартин Безак, кој тоа го изјави при неговата денешна прва официјална посета на Општина Велес.
- Планираме инвестиција затоа што оваа индустриска зона има поволна географска положба и инфраструктура, а со неа би се добиле и неколку стотина нови вработувања, најави амбасадорот Безак.
Амбасадорот Безак воедно информира дека потоа е можно и збратимување на градот од Словачка од каде доаѓа инвеститорот со Велес, а за што и денеска меѓу другото разговарале со градоначалникот Чадиев.
- Словачка и Македонија имаат многу заеднички допирни точки и долга соработка. Да потсетам дека токму на територијата на Словачка во 9 век, започнала Моравската мисија на сесловенските браќа Св Кирил и Методија, а ние сме словенски народи со сличен јазик и менталитет. Воедно, имаме и добра економска соработка да потсетам дека една словачка фирма го реновира затворот во Идризово, словачка фирма испорача 150 товарни вагони за Македонија, а сладот за пивото на Скопска Пивара се произведува во нашата земја, потсети амбасадорот Безак.
Словачкиот амбасадор за време на престојот во Велес посети и културно - историски знаменитости во градот, а беше во обикола и на Индустриската зона Мамутчево каде е планирана словачката инвестиција.
Чадиев рече дека ќе информира за инвестицијата, откако ќе се потпише договорот со инвеститорите од Словачка, што се очекува наскоро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
