-->
-->
Најавена и 18. сезона на „Вовед во анатомија“
-->
Телевизиската серија „Вовед во анатомија“ сè уште има што да понуди. „Еј-би-си“ објави дека лекарската ТВ-драма ќе се врати и со 18-та сезона.
„Станица 19“, чија приказна се испреплетува со „Вовед во анатомија“, исто така, ќе се врати – со својата петта сезона.
– „Станица 19“ и „Вовед во анатомија“ завршија одлична работа во чест на нашите херои од вистинскиот живот, раскажувајќи ѝ ја на публиката една од најголемите лекарски приказни во нашето време, соопшти претседателот на „Хулу Оригиналс“ и „Еј-би-си“, Крег Ервиќ.
Според продукцијата, „Вовед во анатомија“ била омилена меѓу населението на возраст од 18-49 години во телевизиската сезона 2020/2021.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
