Соседите рекле дека тинејџерот никогаш не го виделе, но дека повремено слушале врисоци на човек.
Иако полицијата наведува дека нема докази дека Марвин е држен против своја волја, јасно е дека во станот бил прилично долго.
Се уште не се познати сите околности од неговото исчезнување, но во тоа време, во 2017 година, поради семејна криза живеел во прифатилиште.
Во текот на летото таа година, 13-годишникот исчезнал без трага, воопшто не се поздравил со старателите. социјалните работници го рпијавиле неговото исчезнување, меѓутоа за него ништо не се слушнало се до овој петок.
Неговата мајка Мануела рекла дека едвај го препознала и дека изгледал како „скршен стар човек“. Се уште бил во облеката во која исчезнал, тврди таа.
„Ме прегрна цврсто, двајцата плачевме. Сето ова време мислев дека е мртво и ли некаде од каде не може да ми се јави. Сето ова време се прашував како би изгледало повторно да го видам“, рече таа.
Германските медиуми пренесуваат дека и рекол на мајката дека две ипол години бил затворен и дека не му дозволувале да излезе.