Наградените учесници на Паратисима Скопје ги претставија своите дела на саемот во Тотино

Наградените учесници од третиот Интернационален саем на современа уметност Паратисима Скопје ги изложија своите дела пред повеќе од 50.000 посетители, помеѓу 600 независни учесници на дванаесеттото издание на саемот на современа уметност Паратисима во Торино, Италија, кој се одржа од 2. до 6 ноември.
Викторија Попоска, Асја Муча, Ханис Багашов, Моника Лозаноска, Александар Милев, Ања Илиева, Христина Секулоска, Ирена Милојеска и Андријана Андреева се македонските автори кои беа селектирани од 107-те независни автори-учесници со потекло од 21 земја, кои учествуваа на третото издание на Паратисима Скопје од 10. до 12 јуни оваа година.
- Заклучно со овва година, Паратисима Скопје овозможи учество и претставување на вкупно 33 автори во Торино. Саемот на современа уметност Паратисима Скопје ќе го отвори повикот за учество на своето четврто издание на 10 јануари 2017 година и ги повикува сите заинтересирани уметници и креативци да учествуваат во развојот и промоцијата на македонската култура и уметност на локалната и меѓународната сцена, информира Паратисима Скопје.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
