Наградената пијанистка Инес Неделковска примена од министерката Канческа-Милевска

По успешните настапи и награди во Њујорк, тринаесетгодишната пијанистка Инес Неделковска денеска беше примена од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Неделковска доби прва награда во нејзината категорија на светскиот натпревар за млади таленти „American Protege“ во Њујорк и по тој повод на 18 декември настапи во престижната концертна сала „Карнеги хол“. По настапот Инес беше прогласена и за најдобар учесник на натпреварот и и беше доделена Гран-при награда од жирито.
Како што соопшти Министерството за култура, Канческа-Милевска и ја честитала првата награда нагласувајќи дека таа е потврда за големиот талент, трудољубивост и високиот професионализам на врвната пијанистичка школа на нејзината професорка Нина Костова.

- Таа додаде дека Министерството за култура ја препозна уметничката вредност што од година во година ја гради Инес Неделковска, која за неа лично многу ќе значи, а особено за државата и и посака уште многу успеси во наредниот период, соопшти Министерството за култура кое го поддржа настапот на Инес во „Карнеги хол“.
Инес Неделковска е родена во Скопје во 2003 година и е ученичка во осмо одделение во ОУ „Лазо Ангеловски“, како и во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Почнала да учи пијано на шест години во класата на доц. м-р Нина Костова, која е студент на познатите професори од Русија, Људмила и Борис Романов.
Неделковска има богата концертна дејност и е добитничка на повеќе државни и меѓународни награди. Имала неколку настапи со Македонската филхармонија, и постојано ги посетува мастер-клас часовите на проф. Људмила Романова. Оваа година, покрај во Македонија, Неделковска имала успешни концертни настапи и во Загреб, Крагуевац и Белград.
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
