Награда од Хрватското книжевно друштво за стихозбирка на Стефан Марковски

Збирката кратки раскази „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски ја доби наградата „Книжевно перо“ за најдобра книга вон изданијата на Хрватското книжевно друштво со седиште во Риека.
Наградата на Марковски му беше врачена во Градското собрание на Риека од претседателството на ХКД во рамки на 10. Денови на пријателите на книгата.
Претходно, во Македонското културно друштво од Риека „Илинден“, книгата на Марковски беше промовирана заедно со неговата најнова поетска збирка „Сиво сјаат вселените“.
Наградата „Книжевно перо“ е именувана по списанието на ХКД во чиј најнов број се застапени извадоци од творештвото на Марковски.
Неговата збирка раскази „Смртта долетува насмевната“ во Македонија ја доби наградата „Крсте Чачански“ за 2017 година.
Ново на Сител
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
