Нафтени компании во Минхен одбиле да дадат гориво за ирански владин авион
Германската Влада кон почетокот на месецот избегна меѓународен инцидент, откако нафтените компании на минхенскиот аеродром одбиле да наполнат гориво на авионот на иранскиот министер за надворешни работи, објавија денеска германските медиуми.
„Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф за малку немаше да допатува на Безбедносната конференција во Минхен бидејќи ниту една нафтена компанија не сакаше да прифати да го снабди со гориво авионот при полетувањето од Минхен“, јави заедничкиот истражувачки тим на дневниот весник „Зидојче цајтунг“ и јавните сервиси ВДР и НДР. Причината за таквиот потег на нафтените компании била страв дека на тој начин ќе ги прекршат меѓународните санкции против Иран.
Иранскиот министер допатувал во Минхен откако организаторот на КОнференцијата, поранешниот германски дипломат Волфганг Ишингер интервенирал кај германското Министерство з анадворешни работи, по што гориво било наточено од цистерна на германската војска.
Ново на Сител
-
Пронајдено оружје при претрес во демирхисарско
-
Сојузна судијка ја блокираше забраната на Трамп за странски студенти кои се запишуваат на Харвард
-
Генерал Замир: Ќе удриме со сила кон Иран откако сериозно го прекрши примирјето, Техеран негира лансирање ракета
-
До петок многу топло со температури и над 40 степени
-
ОЈО Скопје донесе одлука во корист на правото на информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес
-
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
-
Судењето против таткото на Васил Јованов одложено, обвинителниот предлог изменет
-
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран