-->
-->
Нафтата и златото поскапеа по падот на режимот во Сирија
-->

Европските берзански индекси ја започнаа неделата со раст, додека пазарите истовремено забележаа раст на цените на нафтата, златото и пченицата.
Порастот на цената на нафтата и златото, меѓу другото, е последица на неизвесноста во однос на натамошниот развој на ситуацијата на Блискиот Исток по падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија, пренесува Блумберг.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 68.008 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 71.854 долари.
Цената на златото порасна на 2649,23 долари за унца, а на пченицата на 5,4293 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,05593, што е приближно исто како и во петокот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
