-->
-->
Наезда на глувци и стаорци кај „Буњаковец“ – граѓани алармираат за „живи и мртви“ глодари
-->

Граѓани алармираат за појава на глувци и стаорци во реонот на паркингот меѓу ТЦ „Буњаковец“ и основното училиште „Ј.Х. Песталоци“ во Скопје.
На Фејсбук страницата „Во одбрана на Буњаковец“ утрово беа објавени фотографии на кои се гледаат мртви стаорци. Според коментарите и реакциите на жителите, во истиот реон биле забележани и живи глодари.
Како што се наведува во објавата, фотографиите се направени на 17 септември.
Жителите бараат од надлежните институции да излезат на терен, да ја утврдат состојбата и да преземат соодветни мерки за справување со проблемот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
